Цените на јајцата веќе се покачија. Но, се очекува дополнително да се покачат пред Велигден, за 30 до 50 отсто, а потоа да се вратат на старата цена.
Растат цените на јајцата. Вообичаено, како и секоја година пред Велигден, и годинава јајцата ќе поскапат. Познавачите на состојбите на пазарот велат дека поскапеле јајцата откако се одмрзнаа цените на прехранбените производи, а се очекува дополнително зголемување на цените пред велигденските празници, од 30 до 50 отсто. Така што се очекува табла јајца да биде над 300 денари, односно едно јајце да чини над 15 денари.
Ако една табла јајца лани чинела 250 денари, може да се очекува дека оваа година цената ќе биде повисока за најмалку 50 денари, во зависност од пазарните движења и од расположливоста на јајца на домашниот пазар. Но, оваа промена на цената, како што коментираат експертите, би била резултат не само на локалните економски услови туку и на глобалните трендови.
Инаку, и во светот, поради последиците од птичјиот грип, има значително намалување на кокошките несилки и на јајцата и сето тоа влијае врз зголемувањето на цената на јајцата во повеќе земји во светот.