Наместо да живеат во Цирих или Базел каде само киријата е 3.000 франци, тие можат да живеат во хотел со пет ѕвезди во Хургада во „all inclusive“ аранжман за половина од парите.
Кризата со станарите во Швајцарија станува се поголем проблем. Зголемување на кириите кои во одредени кантони едноставно ви го изедуваат буџетот, се намалува понудата на недвижен имот, се повеќе заинтересирани луѓе, се повеќе цимери, часови чекање за термин за прегледување на стан...
Овој проблем не е присутен само во Швајцарија, туку и во другите земји од Западна Европа. Но - во некои нашле алтернатива: во Велика Британија има се повеќе луѓе кои во некои големи градови (како Манчестер) - изнајмуваат соба во хотел наместо да плаќаат месечна кирија. Тие дури решија да ги споделат своите искуства на социјалните мрежи, па на TikTok има многу такви снимки, пишува швајцарски Blick.
Швајцарија е земја во која живеат многу луѓе кои би можеле да си дозволат такво решение. Особено ако сега живеат во скапи кантони, во Цирих и Женева, каде месечната кирија на недвижности чини од 3.000 франци и повеќе.
Сè што треба да направат е да имаат работа што не ги врзува за место, како и одлучност да се качат во авион и да летаат! Во Хургада, на пример, каде месечното сеопфатно сместување за две лица во хотел со пет ѕвезди би ги чинело околу 1.600 франци по лице (вклучувајќи ја цената на повратен билет). Замислете само: живот без чистење, готвење, подготовка, перење, пеглање... Со едно од најубавите мориња и ненадмината љубезност на персоналот.
Се разбира, има и други опции: ако не сакате да одите во Египет, можете да одите во Анталија, која е малку поскапа (1.900 франци за сеопфатен пакет) или до Родос (2.000 франци целосно уживање).
Не се прифатливи само вакви туристичко-хотелски решенија. Ако сте дигитален номад и сакате да бидете постојано во движење и ако не ви недостасува оригиналност - можете да живеете - во воз! Токму тоа го направи Ласе Штолај, од Шлезвиг-Холштајн, кој живее во германските возови Inter-City-Express (ICE). Меѓуградските возови ги поврзуваат главните центри на оваа земја, тие се многу пространи и удобни.
- Секој ден можам да одлучам дали сакам да патувам на море, на Алпите или на некој голем град. Толку сум целосно флексибилен – изјави Ласе за новинарите на швајцарскиот Блик.
Овој тип на живот е значително поевтин (10.000 евра годишно), но и значително помалку удобен: Спиење во мал кревет во возовите од мрежата ICE, јадење - во бифе на поголемите железнички станици; туширање - во јавни бањи, а приватноста речиси и да не постои. Најголем дел од парите (скоро 6.000 евра) одат за годишен билет за прва класа, со кој може да патува во која било насока 12 месеци.