Кои се Фуд Бар?
Фуд Бар е првиот македонски бренд на свежо подготвени салати и производи во спакувана форма. Беби руколата, спанаќот, ајсберг, цвекло, никулци, различните миксови, но и органски домат, компир, цреши, кајсии… се веќе добро препознатливи во речиси сите поголеми маркети низ земјата, HORECA мрежата и кетеринг компаниите. Салатите на Food Bar се измиени, спакувани и подготвени за консумирање.
Фуд Бар е местото каде што се спојуваат сите вкусови на природата. Овој млад бизнис, кој постои веќе 5 години е еден од ретките од ваков тип во нашата земја. Луѓето од Фуд Бар имаат една и единствена мисија, а тоа е да овозможат свежа и здрава храна за секое македонско семејство.
За потребите на својот погон за преработка на овошје и зеленчук, Фуд Бар има потреба од РАБОТНИК ВО ПОГОН ЗА ПРЕРАБОТКА НА ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕ
- Погонот се наоѓа во близина на кванташкиот пазар во Скопје
- Обезбеден превоз за работниците на потегот од Маџари до Јурумлери и Илинден
- Работно време во смени
Фуд Бар вработува и МАГАЦИОНЕР - СПРЕМАЧ! Сите детали се на ЛИНКОТ