Ментално јаките луѓе ги рушат сите бариери пред себе, нивната самодоверба е толку стабилна што ги поместува границите.
Менталната сила е вештина која се развива со текот на времето, а јаките луѓе цврсто стојат на нозе не дозволувајќи животните невремиња да ги скршат.
Предизвиците со задоволство ги прифаќаат
Ментално јаките луѓе на предизвиците гледаат како на можност за личен напредок и раст. Тие не се плашат од промени и не бегаат од предизвици затоа што самодовербата им е на високо ниво. Како што ги поминуваат скалите на патот до целта, нивната самодоверба уште повеќе расте. Не ги избегнуваат конфликтите по секоја цена. Не се плашат да влезат во кавга кога и да затреба затоа што така се застапуваат себеси.
Знаат да постават граници
Мислат за чувствата на другите луѓе, но добро знаат кога треба да постават граници преку кои поминуваат. Кога знаат дека најпаметниот потег е да кажат „не“, тие тоа го прават и по цена другите да се разочараат.
Се ориентираат на работи кои можат да ги контролираат
Тие никогаш не го губат своето време размислувајќи за работите и ситуациите кои не можат да ги контролираат. Тоа значи дека фокусот им е на работи кои можат да ги сменат и на кои можат да влијаат за да бидат продуктивни. Не размислуваат многу за проблемите кои доаѓаат туку активно се подготвуваат да го смират невремето.
Ризикуваат, но тоа го прават мудро
Тие ќе излезат од својата зона на комфор и ќе зачекорат напред кон неистражените патишта доколку веруваат дека тој пат ќе им донесе остварување на цели. Прво ќе направат баланс меѓу емоциите и разумот, а кога тоа ќе го направат, потоа ќе пресметаат дали им се исплатил одреден ризичен потег.
Минатото го оставаат зад себе
Што и да се случило во минатото, тие таму не се враќаат и не размислуваат за тоа дали нешто би можеле да сменат. Го прифатиле минатото и не сакаат да се вратат во него.
Не завидуваат на туѓиот успех
Тие не завидуваат на туѓиот успех туку тоа им е поголема мотивација за да бидат подобри. Се радуваат на успехот на другите затоа што се заслужни за тоа.
Ја сакаат самотијата
Тие спаѓаат во лицата на кои им годи мирот. Ја ценат својата самотија и тишината затоа што таа лекува после напорен ден. На повремената самотија гледаат како на терапија за душа.