Германија е позната по својата силна економија и висок стандард на живот.
За многумина, работата во Германија претставува привлечна можност за заработка. Но колку точно може да се заработи ако сте појдени во оваа земја со една и единствена цел: да заработите?!
Денар направи мало истражување и ги дозна првите три најплатени професии во Германија.
Доктор на стоматологија (Zahnarzt):
Годишно, докторите на стоматологија можат да сметаат на нето заработувачка од околу 117.000 евра. Ова е една од највисоките плати во здравствениот сектор.
Лекар (Arzt):
Лекарите имаат добра заработувачка во Германија. Годишно, како лекар може да заработите 78.000 евра.
Менаџер на финансиски фонд (Fondsmanager):
Во областа на финансиите, менаџерите на финансиски фондови имаат добри перспективи. Годишно, како менаџер на финансиски фонд, може да сметате на околу 75.700 евра.
На оваа тема Денар разговараше со Звонко Крстевски, скопјанец кој скоро две децении живее и работи во Франкфурт, Германија.
„Живеам и работам во Германија скоро две децении. За мене, платата е повеќе од задоволителна. Германсиот систем на работа и плати ми овозможува да живеам комфортно и да се грижам за своето семејство. Со правилна квалификација и работна етика, може да се постигне успешна кариера и финансиска стабилност во Германија”, објаснува соговорникот.
Важно е да се има во предвид дека платите може да варираат во зависност од регионот, нивото на искуство и специфичните услови на работа.
Но со правилната подготовка и ангажман, Германија може да биде добар избор за кариера и финансиска стабилност.