Дали е подобро да се плаќа кирија или рати за кредит, да се задолжиш на 30 години за да купиш стан или да се живее како потстанар - е дилемата која е секогаш актуелна кај оние кои немаат сопствен покрив над глава.
Последниве години стана уште потешко, со зголемувањето на цените на киријата и квадратурата, особено во Скопје. Колку е исплатливо да се купи стан зависи од локацијата, цената на квадрат и висината на киријата, но и од кредитната способност на поединецот и дали има аванс за станот, бидејќи некои банки бараат 20 проценти на вредноста на имотот.
Македонските граѓани, главно, живеат на кредит. Дебел минус на дебитните, а уште поголем е оној на кредитните картички, кола на кредит, ама кредитот за стан е убедливо најстрашен. Сепак, и покрај стресот, 90 отсто од становите се купуваат на кредит.
Многу мислат дека парите што ги плаќаат за кирија, можат да отплаќаат месечни рати за станбен кредит.
Но, не. Не е се така црно-бело.
Еве една едноставна пресметка:
Да претпоставиме дека кирија за стан од 50 квадрати во централното градско подрачје изнесува 250 евра месечно. Тој стан да се купи ќе чини 55.000 евра. Така, месечната рата за кредит би изнесувала околу 250 евра, за кредит на 30 години.
Значи, апсолутно не се исплати да враќате кредит, додавајки ги плус каматите што ќе ги исплатите . Освен што за 30 години ќе имате стан, но….. ова е можеби многу долго време.
Да земете кредит или да бидете потстанар е прашање на избор. Вие за 30 години, кога ќе го вратите кредитот, ќе имате стан, а под кирија ќе немате ништо. Значи, бирате помеѓу тоа дали ви е важно да имате имот за 30 години или не ви е важно.
Сепак, животот денес е многу неизвесен.
Дали ќе ја задржите вашата работа, дали ќе се одржи платата на исто ниво…. Затоа не е лесно некој да се одлучи за овој вид на оптеретување како што е станбен кредит.
Посебно е незамисливо задолжувањето на младите.