![ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/d4/78fc2b4d-resize-820x0x100.jpg)
Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање.
Чешката влада ги одобри реформите на пензискиот систем, со кои се зголеми старосната граница за пензионирање и се намалува висината на пензиите за идните пензионери. Старосната граница се поместува за седум месеци, односно од 65 години на 65 години и седум месеци, објавија британските медиуми.
Пензиите за идните пензионери се намалени за околу осум отсто во однос на сегашниот износ.
„Промените ќе го спречат колапсот на пензискиот систем и ќе обезбедат достоинствени пензии за денешната млада генерација“, изјави чешкиот премиер Петр Фијала.
Се додава дека како и многу други развиени држави, Чешката Република, се соочува со притисок врз нејзиниот фискален систем поради стареењето на населението, зголемувањето на животниот век и ниската стапка на наталитет.