Њујорк е најбогатиот град во светот, со 359.500 милионери и 60 милијардери, иако Калифорнискиот залив е прилично блиску, покаѓа нова студија. Популацијата на милионери во Њујорк пораснала за 48% во текот на изминатата деценија, и покрај стравовите од заминување на богатите и од пандемијата на КОВИД-19, покажа извештајот на компанијата Henley & Partners во соработка со New World Wealth.
Популацијата на милионери во Њујорк сега е поголема од вкупната популација на градовите Орландо или Питсбург. Жителите на Њујорк сега имаат богатство од над 3 трилиони долари, што е повеќе од БДП на Бразил, Италија или Канада.
Сан Франциско и и областа на заливот се веднаш зад Њујорк со 305.700 милионери, што е скок од 82% во изминатата деценија. Тоа подрачје предничи и во популацијата на милијардери – 68 милијардери. Со тоа и САД ја подобруваат својата позиција како најголем центар на милионери и милијардери во светот. Така, како што пренесува CNBC, во САД сега се наоѓаат 11 од вкупно 50 најбогати градови во светот.
Некои градови, пак, доживеаја пресврт. Така, Токио, кој оред една деценија беше најбогат град во светот, сега е на трето место, со милионерска популација која се намалила за 5% на 298.300 луѓе.
Понатаму, Лондон, кој долги години беше најбогат град во светот, падна на петто место.
Кина, пак, по прв пат влезе во топ 10 на листата, а Пекинг забележа пораст на бројот на милионери за 90% изминатата деценија, на 125.600 милионери.
Еве кои градови се во топ 10 најбогати градови во светот:
- Њујорк
- Калифорниски залив
- Токио
- Сингапур
- Лондон
- Лос Анџелес
- Париз
- Сиднеј
- Хонгконг
- Пекинг