Fortonmka / Cushman & Wakefield е консултантска компанија за комерцијален недвижен имот и член на Cushman & Wakefield групацијата.
Тимот во Македонија го сочинуваат 16 професионалци кои обезбедуваат целосен опсег на услуги за инвеститорите и сопствениците во сите сектори на пазарот на недвижности, вклучувајќи го и советодавството за станбена сопственост.
Cushman & Wakefield е глобален лидер во обезбедување на услуги за комерцијален недвижен имот, помагајќи им на клиентите да го трансформираат начинот на кој луѓето работат, купуваат и живеат. Целата групација располага со 45.000 вработени во повеќе од 70 земји кои обезбедуваат длабоки локални и глобални согледувања кои создаваат значајна вредност за сопствениците и инвеститорите ширум светот. Со приходи од 6 милијарди долари компанијата е рангирана помеѓу најголемите компании за обезбедување услуги за комерцијален недвижен имот.
Успехот на компанијата се должи на квалитетниот човечки капитал
Како водечка компанија за недвижен имот, Fortonmka / Cushman & Wakefield обезбедува врвна услуга за клиентите токму преку квалитетот на своите вработени. Токму затоа компанијата се труди да ги инспирира своите луѓе да бидат најдобри помеѓу најдобрите преку создавање на уникатно и разновидно работно место во која преовладува инсклузивна култура која е вткаена во се што компанијата работи.
За да го постигне тоа, Fortonmka / Cushman & Wakefield има за цел да се осигури дека сите вработени, кандидати и клиенти се третираат праведно, независно од полот, брачниот статус, боја, раса, националност (вклучувајќи го и државјанството), едничкото или националното потекло, возраста, медицинскиот статус и религијата.
Доколку сакате да бидете дел од една ваква компанија каде што секој добива еднаков третман, а можностите за напредок се неограничени, следете ги огласите за вработување на www.vrabotuvanje.com.mk и станете дел од Fortonmka / Cushman & Wakefield.