Низ годините се случила драматична промена во навиките на граѓаните во однос на нивната потрошувачка. Денар ви ја прикажува анализата на реномираниот Бизнис инсајдер во која може да се забележи дека во последниве триесетина години навиките на младите луѓе драстично се промениле. Интересно е тоа што се земени исти производи или услуги кои граѓани на иста возраст ги купувале и користеле во осумдесетите и во периодот пред неколку години. Студијата е поткрепена со официјални податоци од Американскиот завод за вработување.
Анализирани се потрошувачките навики на граѓани на возраст од 25 до 34 години. И тоа едни кои биле на таа возраст во 1989 година и вторите кои на истата возраст биле во 2022 година. Од добиените информации може да се забележи дека тие од првите трошеле повеќе на храна и алкохолни пијалоци а помалку на трошоци за домување, кирија за стан или станбен кредит. За да биде порелевантно истражувањето, цените во 89та се прилагодени со оние кои беа во 2022та година. Годишно оние кои младоста ја живееле во минатиот век трошеле во просек по 63 илјади долари, додека оние кои пред две години имале најмногу 34 години годишно трошеле во просек од 68 илјади долари.
Младите од 1989 година во текот на годината трошеле речиси 1000 долари за набавка на храна, за алкохолни пијалоци 900 долари годишно, за цигари и останати тутунски производи на годишно ниво трошокот им бил речиси 600 долари, за забава 3 500 долари, за домување 21 илјади долари, за превоз трошокот им се движел околу 12 илјади долари годишно, за здравствена заштита 2200 долари за лична нега 800 долари, за образование 550 долари а за животно осигурување по пензионирањето 6 илјади долари.
Граѓаните кои имале од 25 до 34 години во 2022 година во просек за храна на годишно ниво трошеле речиси 900 долари, за алкохол близу 660 долари, за цигари речеиси 270 долари, а пак за забава 2800 долари. За разлика од претходната генерација, денешните млади лица поскапо се школуваат односно на годишно ниво трошат речиси 1000 долари. За здравствена заштита се потребни во просек 3500 долари, за лична нега 900 долари, за превоз се потребни нешто над 12 илјади долари, а за домување пак трошокот е зголемен за над три илјади долари и сега изнесува 24 300 долари. За животно осигурување по пензија сега се потребни над 9 илјади долари.
Истражувачите заклучиле дека разликата на просечната потрошувачка на младите се должи на промената на животниот стил на младите луѓе, животните навики, и се разбира промената на цените на одредени производи и услуги.