На 6 април, во трговскиот центар „Дајмонд мол“, многубројните гости и посетители беа сведоци на спектакуларна модна ревија „25 нијанси розово“, за јубилејниот 25. роденден на Sara fashion.
„Дајмонд мол“ беше преполн со гости и посетители кои беа дојдени да го прослават роденденот и да уживаат во незаборавната вечер.
Ревијата на која беа претставени модели од колекциите на Sara fashion, пижами, долна облека, спортска облека и костими за капење, беше вистинско, неповторливо доживување. Синоќешното шоу изобилуваше со богата визуелна содржина. Добро раскажаната приказна за брендот предизвика емоции кај присутните и потврди зошто Sara fashion се вбројува меѓу најпознатите македонски брендови.
Ревијата преку возбудливите колекции измами воздишки и воодушевување кај присутните. Публиката имаше можност да ужива и во класични но и храбри модни изданија и модели од колекциите на Sara fashion. По ревијата, присутните продолжија на коктел-забава, а српскиот бенд Blackberries со својата музика се погрижи за добрата атмосфера и енергија на настанот.
Sara fashion е една од најпознатите македонски компании, која веќе 25 години постои на пазарот, се развива и поставува нови трендови.
Компанијата има повеќе од 300 вработени, вкупно 79 продажни објекти и 3 големопродажни објекти во земјава и во Србија, Покрај својот сопствен бренд, Sara fashion се ексклузивни застапници на светски познати брендови како: Penti, Nbb, Pompea, Donella, Apple, Milano. Изминативе години компанијата бележи многу успеси меѓу кои и лансирање на својата веб-страница со можност за online шопинг, многубројни кампањи за различни производи (пижами, чорапи, долна облека, костими за капење, Warner Bros колекции), а како една од повпечатливите е фотосесијата со познати модели во костими за капење Sara fashion што беше направена во Дубаи.
Настанот е дел од манифестацијата Fashion Festival.