Благ пад на месечните трошоци за семејства регистрираше Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ). Како што објавија, синдикалната минимална кошница за месец мај повторно надминува 60 илјади денари, но сепак, е за 122 денари помала отколку онаа за месец април.
- Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2024 година изнесува 60 090,00 денари. Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април годинава која изнесува 60 212,00 денари е намалена за 122,00 денари - информираат денеска од ССМ.
Како што додаваат од Синдикатот, со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната кошница за месец април изнесува 75.465 денари.