„Aegean Airlines“ ја прекина продажбата на билети за планираната нова авиолинија меѓу Скопје и Крф, која требаше да почне на почетокот на јуни, објави „EX-YU Aviation“. Летовите требаше да се одвиваат двапати неделно во вторник и сабота.
Според ревидираниот распоред, „Aegean Airlines“ се чини дека целосно ги откажува двата неделни лета и во тие денови повеќе нема да ги има и летовите меѓу Атина и Скопје. Со ваквите развој на настаните, сообраќајот меѓу двата главни града ќе биде намален на пет лета неделно, почнувајќи од 4 јуни.
На 2-ри април годинава беше објавено дека со авиони АТР-72, „Aegean Airlines“ преку регионалниот бренд „Olympic Air“ да лета двапати неделно, вторник и сабота од македонската престолнина до популарната туристичка дестинација во Јонското море.
На веб сајтот на „Aegean airlines“ првично беше објавено дека можат да се купат карти за овој лет, со почетна цена од околу 130 евра за еден правец. Планот беше овој лет да биде одржуван до 28 септември.