На 17.05 се одржа годишното доделување на ХР награди од страна на Македонската Асоцијација за човечки ресурси, која воедно го прослави и своето 15 годишно постоење.
Компанијата Нелт СТ освои награда за ХР пракса на годината за нивниот проект ‘Gamification Мастерс’.
Проектот започна во 2022 година под наслов ‘Формула 1’ со натпревар помеѓу 7 тимови од кои најдобриот тим беше на патување во Дубаи. Проектот се покажа како добра пракса, па менаџмент тимот донесе одлука во 2023 да има уште повеќе учесници и побогати награди. Новиот назив Нелт Лига 2023 го истакна победничкиот менталитет на продажната организација, го подигна нивото на мотивација и придонесе за подобри резултати за целата компанија. Најдобрите два тима од двата продажни канали беа на патување во градот на светлината, Париз, уживајќи во заслужената победа.
Добиената награда од ХР заедницата која на самиот настан гласаше за најдобра ХР пракса од седумте финалисти е само уште еден доказ дека праксата за 2023 година е успешна и покажува резултати.
Во име на Нелт СТ, наградата ја прими Стефани Стојановска (ХР специјалист) која се заблагодари на Македонската Асоцијација за човечки ресурси за можноста да ја споделат својата пракса со останатите, а во исто време се заблагодари и на сите членови на ХР заедницата кои ја препознаа нивната добра пракса. Благодарност упати и до целиот тим на Нелт СТ и порача дека не постои подобра награда од задоволството и мотивацијата на вработените кои ги овозможи оваа пракса.
Оваа трета година по ред, Нелт СТ продолжува со ‘Gamification Мастерс’ проектот кој го насловија како Ironelt, пандан на натпреварот за човечка издржливост - Ironman. Како што Ironman има 3 дисциплини, во Ironelt се натпреваруваат сите три канали на продажба и учествуваат вкупно 130 учесници кои секојдневно ги докажуваат своите способности.
На крајот на годината ќе бидат прогласени победниците од сите продажни канали, а на ексклузивното патување ќе им се придружат и најдобриот пикер и најдобриот доставувач од логистика.