Споениот викенд заврши, а веќе се пресметува кога е следниот. Духовден оваа година се паѓа во петок, а тоа значи уште еден споен викенд за граѓаните од православна вероисповест, кој ќе започне на 21 јуни.
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:
За сите граѓани на РСМ
- 02 август (петок), Ден на Републиката
- 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
- 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
- 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
- 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден
- 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
- 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)