Чанг Јун Чунг од Сингапур е најстариот милијардер во светот кој има 100 години и се‘ уште оди на работа
И покрај тоа што ми ја предал улогата на извршен претседател на компанијата на својот син Тео Сионг Сенг, Чанг вели дека работата му претставува навика од која не може да се одвикне.
За него, работата е единствен начин да си го одржува менталното здравје и да остане во тек со работата на компанијата, која ја основал со два користени стари бродови во 1967 година.
Секој ден водам евиденција за сите мои активности во мојот дневник, се запишувам, вели Чанг.
Инаку, компанијата сега има околу 18.000 вработени и е една од 20-те најголеми транспортни компании во светот.
Синот Тео вели дека секој ден се консултира со својот татко за да добие негово стручно мислење и да научи повеќе за начинот на успешно менаџирање.