За викендите, а особено во недела, во главниот град има повеќе странци отколку скопјани.
Групи туристи освен низ улиците на центарот на Скопје можат да се забележат и на скопското Кале, на Водно, Матка, во Старата скопска чаршија... Странските туристи се воодушевени од убавините на градот Скопје, а голем дел од нашите граѓани не отишле да го видат ни Калето, а не знаат ни каде е Музејот на Македонија. Според Љупчо Јаневски, универзитетски професор и туристички експерт, големата посетеност се должи на промоцијата за градот Скопје како дестинација за 12 месеци, односно бизнис-центар, град со богато културно и историско наследство... Освен туристи, последниве години сè поголем број млади луѓе одлучуваат дел од својот кариерен развој да го поминат во Скопје како дигитални номади, да студираат на нашите факултети или да работат во некоја компанија
- Последните неколку години фокусот на промоцијата за градот Скопје е како дестинација за 12 месеци, односно бизнис-центар, главен град на Македонија со богато културно и историско наследство и дестинација која секогаш изненадува со својата шареноликост од култури низ вековите, па до денешен ден. Дестинација која мора да се посети доколку сте на кружни патувања или дестинација за кратки одмори. Статистиката го потврдува тоа и во континуитет имаме раст на остварените ноќевања без разлика на периодот во годината. Секако неговата промоција ја надополнуваат спортските манифестации и европски првенства што овозможија поголем број на спортски навивачи и медиумска застапеност. Бројот на туристите најмногу е очигледен во викендите кога можат лесно да се забележат во центарот, Старата скопска чаршија, планината Водно, Матка, музеите и на скопската тврдина Кале и тоа многу повеќе од самите скопјани, изјави Јаневски.
Сепак, тој смета дека во туризмот има уште многу што да се направи од страна на градот, бидејќи сè уште немаме регистар за приватни сместувачки капацитети, промоцијата скоро и да ја нема, проблемите со туристичките автобуски сè уште не е решен, интерактивните туристички мапи не се во функција, недостасуваат информативни туристички бироа, јавни тоалети…
Се поголем број на млади луѓе одлучуваат дел од својот кариерен развој да го поминат во Скопје како дигитални номади, а во моментот според статистиката се 600, студенти кои студираат на факултетите поради поволните цени, вработени за македонски компании кои се ангажирани од други европски земји…Во наредните години се очекува бројот на странци кои ќе ја посетуваат и ќе работат во нашата држава значително да се зголеми, а ние треба да создадеме подобри услови и за нас и за нив.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press