Министерството за внатрешни работи информира дека викендов ќе биде затворен големиот паркинг на Водно.
-На 08 и 09.12.2018 година (сабота и недела) во времето од 07.00 до 15.30 часот, во организација на АКК Примо АВЈ – Скопје ќе се одржи спортска манифестација „Авто слалом-спретно возење Скопје 2018“ на големиот паркинг на Водно. Од тие причини ќе биде затворен големиот паркинг на Водно, соопштуваат од МВР.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
извор: press24.mk