Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека во недела (16.06.2024) поради три улични дефекти од Ф-80 мм на улиците Девол крак 2, Девол крак 11 и улица 1010 бб со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните улици: Девол, Девол крак 2, Девол крак 11, ул.1010 и дел од улицата Жданец.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
Исто така, задутре, поради дефект на огрлица Ф 80мм.на улица Љубица Георгиева бр.3 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Љубица Георгиева.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.