Летото календарски сè уште не е почнато, а високите температури завладеаја со нашата земја. Многумина веќе се жалат на несоница и отекување на стапалата поради горештините.
Температурите сè уште не ги достигнале оние 38+ степени, но важно е навреме да се подготвиме за топлотниот бран што следи. Постојат неколку начини за разладување, а лекарите секогаш ќе ве советуваат да се држите подалеку од сонце во најтоплиот дел од денот. Меѓутоа, денешното темпо на живот не секогаш нѝ го дозволува тоа.
Секогаш имајте шише вода со вас и нешто со што ќе можете да ја покриете главата, без разлика дали тоа е капа или дури и марама со која ќе се заштитите. Сето ова може да биде корисно, но има еден трик во кој се колнат сите што го пробале. Имено, тоа е примена на ладен притисок на одредени „жешки“ точки на телото.
Овој корисен трик функционира брзо – користете мраз или шише со разладена вода за да извршите притисок и ќе почувствувате олеснување. Точките на кои треба да вршите притисок, односно да ставите ладни предмети се:
- на зглобовите
- зад колената
- на местото на свиткување на лактите
- на вратот
- на слепоочниците