Поевтино гориво за македонските возачи – така одлучи Регулаторната комисија за енергетика кога во текот на вчерашниот ден ги објави новите цени на горивата кои важат од ноќеска на полноќ.
Со новата одлука, дизелот поевтинува за 2,5 денари, а бензините за денар и половина.
Од денес, па во наредните две недели, ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава за 61,5 денари, додека ЕУРОСУПЕР 98 за 63,5 денари за еден литар.
Новата цена на дизелот е 58.5 денари за еден литар.