![Метеоролозите со предупредување: Доаѓаат црни облаци - очекувајте врнежи од снег](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/c4/6ac3f54c-resize-820x0x100.jpg)
Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег со слаб, на места и умерен интензитет. Попладне и во текот на ноќта врнежите ќе бидат од снег и повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните делови.
Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната од минус три до шест степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно, со слаби врнежи од дожд и снег. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе достигне до два степени.
Во петок облачно со врнежи од снег кои во западните и јужните делови ќе формираат снежна покривка. Од сабота врнежите во пониските места ќе бидат претежно од дожд. По оддели котлини ќе има појава на магла.
извор: press24.mk