![Следува период на многу топло време, температури до 40 степени](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/c6/a92b236c-resize-820x0x100.jpg)
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени.
Во почетокот на следната седмица во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.
Времето утре (7 јули) ќе биде сончево и многу топло со температури кои ќе достигнат до 38 степени во Гевгелија и Демир Капија. Во Скопје температурата се предвидува да достигне до 37 степен.
Од понеделник до петок следната недела максималната температура ќе се движи до 40 степени.