Во Германија недостасува квалификувана работна сила и затоа ќе има помал данок за странците.
Германската влада планира да ги намали даноците за странците кои работат во таа држава во професии каде што нема доволно работна сила. На оваа мерка се противат бројни политичари без разлика на партиската припадност.
„Воведуваме даночен попуст за странска квалификувана работна сила во првите три години од нивната активност во Германија. Ќе има 30, 20 или 10 проценти даночни намалувања за луѓето кои доаѓаат кај нас како квалификувана работна сила“, вели министерот за финансии Кристијан Линднер, шеф на либералната Слободна демократска партија (ФДП).
Би можело да ве интересира: ТОП 5 ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПА СО НАЈГОЛЕМА ПРОСЕЧНА ЗАРАБОТКА
Покрај плановите за странски квалификувани работници, во буџетот се вклучени и даночни олеснувања за прекувремена работа. Владата дава стимулации за поголема економска динамика, раст и работни места. Според Евростат, во Германија има околу 100.000 луѓе со македонско потекло.