Флексибилноста и слободата во поглед на работното време е најдобрата бенефиција за вработените во Uber
Милијан и Тони се двајца Хрвати кои работат како возачи во Uber. Милијан започнал да вози преку апликацијата на Uber веднаш штом компанијата влезе на хрватскиот пазар бидејќи уште на почетокот го препознал потенцијалот за успех, а денес, после три години, се’ уште стои на истото мислење.
Како што вели тој, најдобриот дел од тоа да се работи преку Uber апликацијата е во тоа што можете да возите кога вие ќе посакате. Никој не ви виси над глава, а фиксното работно време не постои.
Имам повеќе време за спиење, можам да го однесам внукот во градинка и можем кога сакам да започнам со работа. Слободата самостојно да одлучам за своето работно време е голема предност за сите што возат преку платформата на Uber. Кога жена ми ќе ми се јави за да и купам нешто од продавница, јас само ја исклучувам апликацијата, пазарам без проблем и притоа не треба да барам дозвола од никого, смеејќи се кажува Милијан.
Uber апликацијата е одлична за секој што сака да биде сам свој газда, самостојно да се организира и да заработува онолку колку што ќе извози
Имено, возачите кои ја користат Uber платформата заработуваат во зависност од времето кое го поминуваат во возење – колку повеќе возиш, толку повеќе заработуваш.
На искуството на Милијан, се надоврзува и Тони од Шибеник кој во Загреб студира социологија, а благодарение на возењето преку платформата на Uber има доволно пари за да ги подмирува своите трошоци.
За мене како студент, најголема предност е флексибилноста и можноста да работам кога и да посакам и колку што ќе посакам. Заработката зависи од времето кое го поминувате позади воланот, а саатницата е поголема од било која работа со која што може да се занимава еден студент, појаснува Тони.
Тој вели дека паузите помеѓу предавањата се одлични за да се седне позади волан и максимално да се искористи слободното време за да се дојде до заработка.
Се поголем е бројот на Хрвати кои започнуваат да возат преку платформата на Uber.