![Не смеат да се вршат градежни и физички активности во најтоплиот дел од денот](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/74/89d15447-resize-820x0x100.jpg)
Владата на седницата која се одржа завчера, по добиената информација за високите температури во кои што се наоѓа државата, ги усвои следните препораки, мерки и превенција за заштита:
- Од работни обврски се ослободуваат бремените жени и лица на возраст над 60 години во период од 12.07.2024 (петок) до 18.07.2027 година (четврток).
Исто така во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење на градежни и други физички активности на отворено во период од 11 часот до 17 часот.
Воедно, на владината седница се донесе одлука за детските градинки да не се практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во период од 11 часот до 17 часот.
Исто така, Владата препорачува до единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и на бездомници, a со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик за здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.