Поради екстремните горештини што ги мачат популарните крајбрежни дестинации во Медитеранот и пошироко, нивната привлечност почнува да опаѓа.
Сепак, не се откажувајте веднаш од вашиот летен одмор ако не можете да ја поднесете жештината, бидејќи на многу плажи во Северна и Западна Европа се уште има температури под 30 степени.
Еве некои од најдобрите дестинации за плажа и капење во Европа, кои моментално не се погодени од топлотниот бран.
Лагос, Португалија
Сонцето сјае во португалскиот Алгарве – но повеќето места бележат високи температури меѓу 24 и 30 степени. Со својот ограден стар град, впечатливите карпи и прекрасните плажи, Лагос е совршено место за релаксирачки одмор на море. За уште пониски температури, достигнувајќи максимални 24 степени, северниот португалски град Порто нуди совршен спој на урбана култура и песочни плажи.
Би можело да ве интересира: Нема веќе да ви бега: Генијален трик кој ќе ви помогне пешкирот да не ви одлета на плажа, нема ништо да ве чини
Сан Себастијан, Шпанија
Додека јужна Шпанија е погодена од предупредувања за прекумерна топлина, полесно е да се дише на северот на земјата. Одморалиштето Сан Себастијан моментално има максимални температури помеѓу 23 и 27 степени, што го прави одлично крајбрежно бегство од горештините.
Бијариц, Франција
Бијариц се наоѓа на француската страна на Баскија. Со моментални максимални температури меѓу 23 и 29 степени, овој приморски град во југозападна Франција нуди поладна алтернатива на медитеранските плажи во земјата. Ги привлекува сурферите со долгите песочни плажи и разновидните бранови.
Одморалиште Јурмала во Латвија
Летонија може да се пофали со крајбрежје долго 500 километри, прошарано со бел песок и борови шуми. Одморалиштето Јурмала се карактеризира со борови шуми и широки плажи, а температурата се движи од 23 до 29 степени, пишува euronews.