Грција им нареди на некои работодавци да ги суспендираат своите вработени од тешката работа на отворено оваа недела во попладневните часови, бидејќи целата земја се соочува со топлотен бран.
Градежни работници, доставувачи на храна, курири и работници во бродоградилиштето се меѓу оние кои мора да паузираат од работа од пладне до 17 часот до петок, бидејќи се очекува живата да достигне 42 до 43 степени Целзиусови во делови од Грција, соопшти грчкото Министерство за труд, пренесува Ројтерс.
With yet another heat wave this week, Greece has ordered some businesses not to let their employees perform heavy outdoor duties this week. Builders, food delivery riders, couriers and shipwrights are among those having to pause work in the afternoon https://t.co/LJdpjkDbdK pic.twitter.com/kcYvCiX2uY
— Reuters (@Reuters) July 16, 2024
Грција од јуни се соочува со топлотни бранови, а поради високите температури и ветерот избувнаа неколку шумски пожари.
Поголемиот дел од Грција со месеци е без дожд или со многу малку врнежи, а грчките острови, кои се собиралиште на милиони туристи во текот на летото, се соочуваат со недостиг на вода.
Најмалку шест туристи, меѓу кои и познатиот британски телевизиски водител Мајкл Мозли, починале минатиот месец како последица на екстремните горештини, потсетува британската агенција.
Метеоролозите не очекуваат значително опаѓање на температурата до крајот на јули.