Центарот за управување со кризи да сподели информација за потенцијалните жаришта кои треба да бидат управувани во текот на утрешниот ден, рече градоначалникот на Штип Иван Јорданв
Штип вечерва е обвиен во чад поради беснее шумски пожар над Селце, Драгоево и Пиперово. Пожарникарите, Армијата и локалните доброволци се борат со пожарот. Кризниот штаб заседаваше и апелираше граѓаните да избеднуваат присуство на отворено подолго време, односно да останат во своите домови.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вечерва истакна дека меѓу одлуките кои се донесени е и да се побара помош од пожарникарите од другите градови во земјава за справување со големата стихија на планината Серта во штипскиот регион. Забележува дека ситуацијата со пожарите е сериозна и опасна за неколку села на планината Серта.
Целиот текст е на плусинфо.мк