Најдовме одлично решение за изгребан паркет. За да го решите проблемот, не треба да трошите пари на мајстор и нов паркет. Доволно е да го избришете со едно решение и паркетот ќе изгледа како нов. Најдобро од сè, ова решение е многу евтино.
Направете средство за паркет
За сами да ги поправите гребаниците потребен ви е само омекнувач кој сигурно го имате во бањата. Истурете две капачиња со омекнувач во кофа со вода. Промешајте да се растопи. Во оваа смеса натопете чиста подна крпа и избришете го паркетот, посветувајќи посебно внимание на местата кои се изгребани. Преминете ги со влажна крпа. Гребнатините ќе исчезнат, а паркетот ќе свети како вчера да е поставен. На ист начин можете да го избрусите ламинатот, ќе добие и сјај.
Би можело да ве интересира: Дали е подобро клима уредот да ви работи нон-стоп? Еве како да ја намалите потрошувачката на струја
Можете исто така да го избришете и мебелот од дрво
Можете исто така да користите омекнувач за бришење на дрвени предмети направени од ПВЦ. Истурете 200 мл омекнувач во шише од еден литар, а остатокот до врвот наполнете го со вода. Добро протресете за да се измеша омекнувачот со водата. Натопете крпа во оваа смеса и избришете ги сите врати и прозорци. Нечистотијата ќе се отстранува без проблем, а столаријата ќе блесне!