Речиси сите секогаш имаме барем една непотребна апликација во телефонот, ако не и повеќе. Ако немате доволно простор за нова апликација што може да ви биде корисна, размислете да избришете бескорисни апликации.
Скенери за „QR“ кодови се апликации кои ви дозволуваат да скенирате „QR“ код, по што вашиот телефон ја отвора интернет страницата што е „напишана“ во него. Ваквите апликации се популарни бидејќи целта е се да се прави „безконтактно“.
Сепак, „QR“ скенерите можат да бидат особено опасни бидејќи изгледаат како „обични апликации“ кои не прават ништо посебно и честопати внесуваат вируси на вашиот уред. Дополнително, повеќето телефони денес доаѓаат со претходно инсталиран „QR“ скенер, па избришете го оној што сте го презеле.
Би можело да ве интересира: 6 едноставни знаци дека некој го следи вашиот мобилен телефон
Повеќето телефони имаат вградена функција за скенирање документи, така што овие апликации не ви се потребни. Проверете ги поставките за камерата на уредот за да го пронајдете скенирањето, а „Google Drive“ ја нуди истата опција.
Апликацијата „Facebook“ зазема многу простор и може да го забави вашиот уред без всушност да му треба толку многу. Ако сакате да проверите што има ново на „Facebook“, можете лесно да пристапите до вашата сметка од интернет прелистувач.
Апликациите за светилка порано беа многу популарни, но денес повеќето телефони веќе имаат вградено „фенерче“, па секоја дополнителна програма што го прави истото е само непотребно зафаќање простор.