Компанијата Кромберг & Шуберт е глобален снабдувач на кабелски спопови за автомобислката индустрија со фабрики на 40 локации низ целиот свет и повеќе од 50.000 вработени на глобално ниво.
Во моментот КШМК претставува најголем работодавач во Македонија со две фабрики (Битола и Скопје) каде вработува повеќе од 8500 луѓе.
Новата екстензија на фабриката во Битола со себе носи проширување на постоечките и новите проекти и секако ја зголемува можноста за унапредувања и отварање на нови работни места во фабриката.
За таа цел, секој од Вас има можност да ги предложи своите блиски роднини и пријатели, кои би сакале да бидат дел од компанија со долга традиција, најдобри услови за работа, компанија со најголема листа на бенефиции за своите вработени.
Компанијата сака да им даде шанса уште на многу семејства од Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и регионот да се згрижат и да осигураат сигурност и стабилност за себе и своите семејства.
Овој пат Кромберг и Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ организира специјална промоција во која ќе имаат можност да учествуваат сите.
Главната награда е скутер, а сѐ што треба Вие да направите за да бидете во игра за скутерот е да аплицирате за потенцијално вработување во компанија преку пополнување на формата достапна на www.aplikacii.mk, а потоа линкот кој ќе Ви биде доставен на е-маил да го споделите со своите блиски со цел и тие преку таквиот линк да аплицираат и да станат потенцијален добитник на наградата.
Скутерот ќе го добие оној чијшто линк ќе биде во најголем број наврати искористен од други учесници за нивна апликација.
Промоцијата ќе трае до 01.10.2024.
Препорачај пријател и вози скутер со КРОШУ!