Хотелот Ovo Patagonia може да се опише како сместување само за најхрабрите, имајќи предвид дека стигнувањето до таму вклучува планинарење и преноќување во капсули кои висат над провалија.
Сместувањето се состои од проѕирни капсули кои висат од камен ѕид висок речиси 275 метри. Пристапот вклучува пешачење длабоко во аргентинска Патагонија, проследено со спортско искачува виа ферата. За ова искуство се потребни појаси, шлемови и значителна количина храброст.
„Сакаме да доживееме уникатни искуства во контакт со височините и во контакт со нашето најинтимно искуство за излегување од зоната на удобност. Тоа е всушност нашиот слоган: Излезете од вашата комфорна зона“, изјави Езекиел Руте, соосновач на Ovo Patagonia, за Forbes.
Аргентинскиот авантурист повеќе од една деценија вежба одење со сајла меѓу планински карпи, заедно со соосновачот на хотелот, архитектот Луис Апарисио.
Заедно со идејата да ги запознае тие што не планинарат со чувството како изгледа да се стои над провалија, напливот на адреналин кога ќе се соочите со стравот и хипнотизирачкото задоволство од гледањето во облаците што лебдат покрај нив, парот сакал да создаде предизвик комбиниран со уметност, односно инсталација која лесно би се отстранила.
По повеќе од три години работа со специјализиран тим од планинари, инженери и геомеханички техничари, во декември го отвораат како што најавуваат највисокиот хотел во светот и најизложен на природните сили. Она што го продаваат е многу повеќе од ноќно гледање ѕвезди во Патагонија.
Иако ветрот е речиси загарантиран, а вртоглавицата е многу веројатна, Руете нагласува дека Ovo Patagonia е за секој луксузен патник со некое средно ниво на физичка спремност и чувство за авантура.
Искусни планински водичи ги придружуваат гостите нагоре и надолу, доставуваат вечера и појадок и спијат во близина со вклучено радио. Гостите можат да ги контактираат во секое време доколку им треба некаква помош.
Гостите резервираат ноќевање во Ovo Patagonia (од 1.600 долари за двајца) заедно со три ноќевања (не е вклучено) во блиската Estancia Bonanza. Започнуваат во градот Ел Чатлен, од каде што одат во главната ложа, каде што им даваат ранци и опрема. Оттаму до областа на видеото има околу еден час пешачење, а потоа пет минути преку ферата (систем од платформи и скали; без спуштање) што ги носи до нивната капсула.
Секоја од четирите капсули има дизајн на три нивоа и многу карактеристики на луксузни хотелски соби. На највисокото ниво има кадифен кревет кој го исполнува најголемиот дел од просторот. Средното ниво е за дневната соба, мала трпезариска маса и бањата во која има тоалет и проточна вода за мијалник. Мрежата слична на нишалка на најниското ниво нуди уште една област за одмор.
Инженерите ги документирале нивните студии и процеси и сите биле потврдени од врвни инженерски училишта.