Зголемената телесна температура доведува до потење што доведува до прекумерно губење на телесните течности, а дури и малите дефицити на течности може да предизвикаат физички непријатности како што се намалена концентрација, гадење, вртоглавица или главоболка.
Кај чувствителните луѓе може да се појават проблеми со циркулацијата, а особено подложни на дехидрација се децата, постарите лица и лицата со ослабен имунолошки систем.
Препорачаниот дневен внес на течности зависи од неколку фактори како што се телесната тежина, возраста и нивото на физичка активност. Потребата за внес на течности може да се задоволи, освен со вода, со цедени или ладно цедени сокови од овошје и зеленчук, бистри супи, незасладени топли и ладни чаеви, негазирани пијалоци без шеќер и млеко.
Лекарите советуваат да се избегнуваат пијалоци кои содржат кофеин, теин и алкохол, како и засладени пијалоци, бидејќи тие го стимулираат излачувањето на течности од телото. Ако потењето е интензивно, изотоничните пијалоци се најдобри за брзо враќање на изгубените електролити.
Ледените пијалaци прават повеќе штета отколку корист
Чувството на жед понекогаш не ја следи потребата на организмот за вода, па затоа се препорачува да се пие течност во редовни интервали, без разлика на чувството на жед. Важно е да избегнуваме многу ладни пијалоци, кои моментално можат да не разладат, но и да доведат до стеснување на крвните садови, намалувајќи ја загубата на топлина. Ладните пијалоци само го ладат горниот дел од дигестивниот систем и брзо ја достигнуваат телесната температура, па затоа не ја намалуваат температурата на целото тело.
Пијалаците кои се на работ на замрзнување прават повеќе штета отколку корист. Поради големите температурни разлики ги оштетуваат оние делови од телото со кои доаѓаат во контакт и долгорочно предизвикуваат оштетување на површинското ткиво на дигестивниот тракт, со што се создава простор за задржување на микроорганизмите и можен развој на воспаление. За да ги замените изгубените течности и да се освежите, пијте вода и незасладен чај на собна температура.
Ладните пијалаци имаат непожелен ефект – го зголемуваат чувството на топлина.
Многу е важна и правилната исхрана, предупредуваат лекарите. Основата на таквата диета треба да биде овошје, зеленчук и храна со висока содржина на влакна. Масната и зачинета храна не е пожелна бидејќи создава чувство на тежина, го зголемува потењето и може да предизвика дехидрација. Доволно внесување на витамини и минерали е неопходно бидејќи тие се многу важни во текот на летото кога сме најмногу изложени на сонце.
Витамините и минералите се важни за здравјето на кожата во текот на летото кога ризикот од УВ зрачење е поголем.