Земјите што страдаат, покрај одливот на значителен број млади луѓе, патат и од ендемична корупција, сиромаштија и немање перспектива.
Можеби може да се зборува за депресивната состојба на тамошните општества, пишува Слободна Далмација.
Затоа многумина ќе се согласат со видеото кое се појави на TikTok, а во кое се наведени најдепресивните градови на Балканот. Со тоа нема да се согласат голем број туристи, кои одат да летуваат таму, главно поради поевтините цени.
Но, едно е да поминеш неколку дена на одредена локација, а сосема друго е да живееш таму преку целата година.
Списокот на најдепресивни градови (причините варираат од невработеност, ментално здравје, загадување на животната средина до ПТСП предизвикано од војните од 1990-тите) на Балканот гласи:
- Скадар, Албанија
- Зеница, Босна и Херцеговина
- Нови Сад, Србија
- Приштина, Косово
- Бања Лука, Босна и Херцеговина
- Тирана, Албанија
- Подгорица, Црна Гора
- Белград, Србија
- Скопје, Северна Македонија
- Сараево, Босна и Херцеговина