Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне претежно во северозападните планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Темепературите ќе се движат од 14 до 36 степени, поточно утринските ќе бидат во интервал од 10 до 20 степени, додека во текот на денот ќе се искачат над 30 степени и ќе достигнат околу 36 степени во најголем дел од државата.
И утре на очекува сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурите ќе бидат во сличен интервал.