Во Швајцарија, на пример, туристите треба да бидат подготвени за високи трошоци за роаминг.
Австриските портали известуваат за случај со Австриец кој бил на одмор во Швајцарија. Купил интернет пакет за седум дена, а кога му истекол пакетот не обрнал внимание, туку продолжил да се јавува, да праќа пораки и да користи интернет. Според правилата на ЕУ, во такви случаи треба да важи лимит од 60 евра. Меѓутоа, мажот очигледно не обрнал внимание на известувањето кое пристигнало по полноќ, а механизмот за контрола на трошоците автоматски не функционирал.
На крајот добил сметка во износ од 16.413,55 евра. Морал да го скрати одморот, да се врати во Австрија и да се обиде да го реши проблемот.
Прво контактирал со службата за корисници на неговиот провајдер. Потоа се обратил и до Стопанската комора на Горна Австрија која се занимава со заштита на потрошувачите. Тие побарале од давателот на интернет услугата да ги намали трошоците до максимум 60 евра, како што е предвидено со правилата на ЕУ, пренесува Феникс.
За среќа, давателот на мобилни услуги покажал разбирање и драстично ја намалиле сметката.