Работниците сè повеќе бараат компании кои нудат продолжено, обично платено отсуство од работа (sabbaticals) за да им помогнат да се справат со синдромот на „прегорување“, да стекнат нови искуства и да го подобрат балансот помеѓу работата и приватниот живот.
Повеќе од половина од анкетираните менаџери, поточно 53 отсто, изјавиле дека нивната организација на вработените им нуди продолжен одмор од работа, додека 29 отсто од испитаниците одговориле негативно, покажува најновото истражување на британскиот институт CMI.
Според извештајот, 62 отсто од менаџерите кои работат во јавниот или хуманитарниот сектор велат дека нудат продолжено отсуство од работа, наспроти само 44 отсто од оние во приватниот сектор, пренесува Гардијан.
Продолженото слободно време од работа може да го зголеми задоволството на вработените и на тој начин да помогне да се задржат во компаниите, се наведува во извештајот. Овој тип на отсуство од работа често може да трае неколку недели или повеќе од една година и често е поврзан со патувања низ светот, кои се главната цел, но и за стекнување нови знаења и вештини.
Вработените овој период не го користат само за пасивен одмор, туку и за истражување на различни професионални цели и опции, а компаниите ги разбрале нивните потреби и се трудат да ги задржат своите креативни и квалитетни вработени кои се „прегорени“ од премногу работа.
Компанијата Мајкрософт нуди т.н одмори за вработените кои биле во компанијата повеќе од 10 години во форма на осум недели платен одмор, додека технолошката компанија Adobe нуди дополнителни четири недели одмор на вработените кои биле во компанијата повеќе од пет години, пренесува порталот Fainensbaz.