„Јас сум дел од сектор одржување, каде работата ни е постојано динамична и постојано треба да сме подготвени, да делуваме навремено за машините да функционираат непречено. Моментално сум на позиција Машински техничар.
Мојата приказна започнува пред 11 години, каде започнав на позиција Машинобравар, се сеќавам на првиот работен ден... Започнав со работа во оваа реномирана компанија на 20 годишна возраст. Првиот работен ден беше огромен предизвик, нова средина, нови колеги, нови одговорности, но од колегите добив максимална подршка уште од првиот ден. Веднаш можеше да се почувствува тимската работна атмосфера. Морам да напоменам дека секој работен ден е различен и тоа е она што ме мотивира. Нашата работа се состои во детектирање на проблеми и изнаоѓање на соодветни решенија за кратко време, секој застој е непожелен, па затоа нашиот тим мора да е постојано од акција.
Имав можност да учам од искусни колеги и секако да се надоградувам низ секојдневното работење. Морам да споменам дека пред два месеца со тимот успешно се справивме со огромен предизвик, а тоа е инсталација на нова машина. Одлично искуство!
Тимската работа, секојдневно нови предизвици и нивно решавање се работите кој можам да ги издвојам во секојдневното мое ангажирање, како позитивни моменти од работниот ден.
Горд сум што сум дел од оваа компанија, горд сум на сите успеси кој ги постигнуваме заедно, работењето во интернационална компанија е огромна предност, секако и можноста за напредување. Како признание за моето ангажирање говори и титулата вработен на месец, истото се спроведува како признание од самите колеги, каде задоволството е уште поголемо.
Една од нашите корпоративни вредности е да бидеме упорни, јас тоа го применувам и затоа имам зад себе 11 години успешна кариера во DS Smith.
Секогаш можам да го препорачам DS Smith како одлично место за работа, доколку сакате да работите во динамична атмосфера, опкружени со тимски дух и барате предизвици ова е вистинската компанија за вас.“
Сакаш да станеш дел од тимот на DS Smith? AПЛИЦИРАЈ за позицијата МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР