Во наредните денови следува период на променливо облачно време со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.
Денеска преовладува сончево и топло време со променлива облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми и претежно во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд.