![На „Богородица“ и денес гужва – се чека и до еден час за плажа и шопинг](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/d0/25985e0d-resize-820x0x100.jpg)
На граничните премини Табановце и Богородица за излез од Македонија се чека повеќе од 40 минути, информираат од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ). Камерите покажуваат зголемена фреквенција на возила кои ја минуваат границата и влегуваат во Србија и Грција.
На останатите гранични премини за влез и излез од Македонија нема подолги задржувања, велат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, со зголемена фреквенција на возила и по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење и внимателно управување со возилата, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од одрони. Ова особено важи за патиштата Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.