Снег падна синоќа на Бјелашница и Јахорина, олимписките планини околу Сараево, како и на планината Влашиќ, во општина Травник, пренесува Бета.
Снег има и на планинскиот превој Романија.
Во цела Босна и Херцеговина е значително постудено во однос на претходните денови, бидејќи температурата падна за 20 степени Целзиусови.
Според прогнозата на Федералниот хидрометеоролошки завод, денеска и во наредните денови се очекува постепено разведрување и затоплување.