Иако временските услови за момент ги исплашија скопјани, за грејната сезона ќе мора да почекаат.
Грејната сезона вообичаено почнува на 15. октомври, но не пред 1. октомври доколку средната надворешна прогнозирана температура е еднаква или пониска од 12 Целзиусови степени.
Иако и за деновиве има прогнози за дожд и ветер, температурите нема да бидат ниски.
Според метеолозите кон почетокот на октомври ќе има мини лето, односно повторно ќе има сонце и високи температури.
Веќе од 15.октомври, над 60 илјади домаќинства низ Скопје ќе имаат топли радијатори од 6 наутро до 22 часот навечер.