Бензинот и дизелот најевтини во Македонија!
Анализата на Здружението на нафтени компании на Србија (УНКС), покажува дека Србија е на третото место во регионот по цената на бензинот и течниот автогас, а на второто по цената на Еуродизелот. Литар бензин БМБ 95 во Србија чини 1,5 евро. Најевтин е бензинот во Македонија – 1,22 евра за литар, а убедливо најскап е во Албанија – 1,77 евра за литар бензин и во Грција – 1,75 евра.
Во Словенија литар бензин чини 1,49 евра, во Унгарија 1,48 евра, а во Хрватска 1,43 евра.
Во Словенија литар еуродизел чини 1,54 евра, а во Грција 1,52 евра. Најевтиниот дизел е 1,1 евро во Северна Македонија, а 1,2 евро во Босна и Херцеговина.
Цената на бензините во Србија е за 3,7 отсто повисока од просекот во регионот, а еуродизелот е дури 15 отсто поскап од просекот во регионот.
Автогасот во Србија чини 0,86 евра за литар и е за 17,35 отсто поскап од просекот во регионот.
Најскапи се во Словенија (0,95 евра) и Унгарија (0,9 евра), а најевтини во БиХ и Албанија, по 0,57 евра.