На 28.09.2024 година компанијата Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ организираше уникатен настан - „Детски Крошу Фестивал”, во склоп на фабриката, само за децата на своите вработени.
Целта на настанот беше на забавен и креативен начин да се запознаат децата со производниот процес и со фабриката каде што работат нивните родители.
За денот да им биде незаборавен, компанијата ги покани популарните „Светот на Биби и Боби“ заедно со „Тин Камп”, кои предизвикаа неизмерна среќа и искрени насмевки кај секое дете.
Сите присутни гласно пееја, играа, се дружеа, цртаа и се вратија во најубавите години од животот.
За забавата да добие целосен "шмек" беа задолжени нивните соработниците „Де Ниро” Кетеринг кои ги припремија највкусните закуски и пијалоци за најмалите и „Миг Травел” за навремениот и безбеден транспорт на сите дечиња.
Како вистински домаќини, подготвија подарок за секое дете, им посакаа среќен почеток на новата учебна година и ги посоветуваа да останат деца секогаш во срцата бидејќи само на тој начин ќе продолжат да ги гледаат убавините околу нас.
Бидејќи децата се нишките со кои ја чуваме иднината, од компанијата изјавија дека сакаат да ги научат идните генерации на најважните животни вредности како што се: да се однесуваат со внимание и почит спрема секого, дека треба да го кажат своето мислење, но и да го почитуваат мислењето на своето другарче и се обидуваат да ги мотивираат да ги остварат своите соништа.
Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ нѐ советува да се однесуваме со внимание и почит спрема децата бидејќи тие се компасот коj ја покажува заедничката иднина.