Во време на глобализација и дигитална трансформација, можностите за работа од дома стануваат сè поинтересни за македонските граѓани. Со сè поголемата побарувачка за квалификувани диспечери во САД, многу Македонци можат да добијат работа со флексибилно работно време и атрактивни плати.
Една од најголемите американски компании за транспорт и логистика активно бара диспечери кои ќе се занимаваат со координирање на превозот на роба низ територијата на САД.
На македонските огласници веќе почнаа да кружат објави за вработување, кои нудат не само финансиски бенефити, туку и привилегии во однос на работното време.
„Потребно е да имате одлично познавање на англискиот јазик, солидни компјутерски знаења и вештини, како и одлични комуникациски способности. Се работи само во втора смена. Плата во износ од 500 до 2.000 долари“, гласи еден од огласите за вработување диспечери.
За да добиеме увид во реалноста на работата како диспечер, разговаравме со 30-годишната Марија од Кратово.
Таа веќе една година работи во една од овие американски транспортни компании и изразува задоволство од својата работа.
„Работам од дома, секој работен ден само во втора смена, од 17 до 01 часот по полноќ. Платата ми е 2.000 долари месечно, што е навистина одлично за условите во Македонија. Иако работата е интензивна, можам да управувам со моето време и тоа ми дава слобода“, вели Марија.
Како што продолжува потрагата за квалитетни работни места, многу Македонци се одлучуваат за овој вид на работа, уживајќи во погодностите кои ги нуди работата од дома, а во исто време и одлични финансиски услови.
Работата на диспечер во американска компанија може да биде идеално решение за оние кои сакаат да комбинираат европски животен стил со американска плата.
На нашиот сајт, во моментот имаме два активни огласи за ДИСПЕЧЕР:
Американска транспортна и логистичка компанија има потреба од ДИСПЕЧЕРИ - плата од $1000 до $3000
Потребен е Truck Dispatcher & Safety Administrator за американски пазар - плата до 180.000 денари