Се бара 60 денари за старт без километар и секој нареден по 35 денари. Тарифа за чекање 400 денари за еден час.
Сегашните цени се 60 денари старт со вклучен клометар, секој нареден по 25 денари, чекање за еден час 300 денари.
Ова барање за поскапување на такси превозот беше презентирано на комисијата за финансии, каде такси превозниците ги образложија причините.
„Давачките, трошоците енормно ни се зголемија, а возиме по стари цени. Последното покачуваше што беше фактичко тоа беше минимално покачување и тоа покачување го изгубивме само за два месеци, со зголемувањето на минималната плата, трошоците придонесите, тоа се стопи буквално за два месеци. И од последното покачување до сега имаме многу повисоки трошоци, а возиме со иста цена. Најголем проблем ни е што во моментот таксито дојде до таа ситуација, да не вршиме ние такси превоз, туку во моментот ние сме доставувачи на стока“ рече еден од претставниците на Здружението на лиценцирани такси превозници.
Освен минималната плата и трошоците на живот, кажаа и за цените на сервис на возилата.
„За една ламела да се смени за што плаќавме од 2500 до 3000 денари, сега плаќаме 5000 до 6000 денари. Вулканизерски услуги тоа е со 100 проценти, буквано придонеси, еден куп работи. За издавање на лиценца, вадевме еден документ од судот, а сега требаат четири документи“ рече тој.
Зборуваше и за намалувањето на такси компании, и за како што рече поголемата исплатливост што ја имале правни субјекти да му превезуваат работници.
Како граѓани сведоци сме дека се потешко брзо се добива такси услуга.
Кажаа и дека таксито како поим секаде било луксуз.
„Ако ви кажам колкава е разликата помеѓу автобус и комбиња и ние што возиме со таксито таа е огромна. Таксито се знае дека е луксуз, не може секој таксито да го користи. Социјална помош зема, по социјална помош оди со такси“ објаснуваше тој.
Кажаа и дека таксито како категорија било на најдолно ниво во моментов.
„Издавате лиценца за работа и општината ни дозвиолува да возиме по таа цена. Издавате лиценца за работа на ресторани, кафичи. Цената вие му ја кажувате или самите си ја опредуваат? Значи таксито моментано е на најдолно ниво“, рече друг претставник на здружението.