Посетете го нивниот штанд и ќе ги видите одблиску сите предности при работа во компанијата!
dm drogerie markt e еден од најголемите дрогериски ланци во Средна и Источна Европа. Првата филијала во Австрија е отворена во 1976 година во градот Линц. dm се развиваше и го освојуваше австрискиот пазар, па од 1993 година почна да се шири на пазарите во Унгарија, Чешка, Словенија, Словачка, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија, С.Македонија, Италија и Полска. Во С. Македонија успешно работат од 2012 година.
Ветувањето „тука сум човек“ во dm не се однесува само на купувачите и партнерите. Ова посебно важи и за вработените. Работата е важен дел од животот. Затоа, секој во dm може да го најде својот индивидуален пат, со свое темпо. Без разлика дали станува збор за филијала или централа, сите вработени во dm имаат можност да работат самостојно и да се развиваат лично, со цел да ја обликуваат иднината заедно како тим.
Во dm цврсто веруваат дека економијата треба да им служи на луѓето, а не обратно. Ова е причината зошто секој ден потврдуваме дека dm дрогериите се нешто повеќе од продажба на кармини. Без разлика дали сте купувач, партнер или вработен.
Дознајте за можностите за вработување во ДМ Дрогерии!
Доколку сакате да дознаете повеќе за условите за работа и можностите за кариера во компанијата, кликнете на овој линк и посетете го штандот на dm drogerie markt на најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој ќе биде отворен од 15-22 октомври.