Посетете го нивниот штанд од 15 - 22 октомври!
Fashion Group повеќе од 20 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Calvin Klein, Desigual, Diesel, Guess, HUGO, BOSS, Levis, Miss Sixty, Replay, Steve Madden, Timberland, Tommy Hilfiger, UGG, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Parfois, Dan John и други. Нашата цел од самиот почеток, па сè до денес е да му овозможиме на секој наш клиент да го изгради личниот стил и да експериментира со истиот, одбирајќи ги парчињата на светските брендови.
Нашите вредности го рефлектираат она вистинското на компанијата, но и на сите брендови чии франшизи ги претставуваме – воздигнувањето на личниот стил над модата со помош на уникатните сезонски колекции.
Вработените во нашата компанија чиј број постојано се зголемува, се тим индивидуалци и креативци кои постојано работат на развивање нови идеи за соодветно претставување на вредностите на компанијата. Постојано се обидуваме да го пронајдеме најдоброто во нашите вработени и заедно да работиме на нивните амбиции, бидејќи кога се инвестира во нивниот развој, не само што го зголемуваме нивниот професионален капацитет, туку и ја зголемуваме и успешноста на целата наша организација.
Сите огласи за работа во Fashion Group Macedonia можете да ги погледнете подолу
За повеќе информации во врска со вработувањето во Fashion Group, погледнете го нивниот штанд:
Дознајте за можностите за вработување во Fashion Group Macedonia
Доколку сакате да дознаете повеќе за условите за работа, отворените огласи и можностите за кариера во компанијата, кликнете на овој линк и посетете го штандот на Fashion Group на најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој ќе биде отворен од 15-22 октомври.