Во Скопје се случува масовна кражба на капаци на шахти. На потегот од мостот „Близнак“ до семафорите кои што водат кон населбата „Маџари“ недостасуваат десетина капаци од шахтите пренесува ТВ24.
Со ваквите кражби граѓаните и со право се загрижени за својата безбедност. Тие додаваат дека фалат шахти на многу делови низ градот и дека мора да внимаваат да не паднат и не завршат со некоја несакана последица.
Од Водовод за ТВ 24 велат дека со текот на годидините капаците од шахтите се мета на препродавачи на старо железо. Тие посочуваат дека по пријава на граѓаните ги заменуваат капаците на шахтите и пријавуваат во полиција за секоја кражба.
„Од почетокот на годината, односно од јануари, 2024 до 07.10.2024 украдени се вкупно 27 капаци на шахти од тежок тип, од кои 20 само на територија на општина Гази Баба и 12 решетки на сливници, сите украдени на територија на општина Гази Баба. Украдените капаци се заменуваат со нови, веднаш по пријава од страна на граѓаните или по утрвдување на недостаток на капак од страна на теренските екипи на претпријатието.“ велат од „ЈП Водовод и канализација Скопје“.
Отворените шахти не се само проблем за пешаците туку се закана и за возачите ,бидејќи ги има во голем број по булевари што предизвикува не само оштетување на возила, туку може да предизвика и несреќа.
Извор: skopje.info